Вести
Средношколци истепани поради девојка
Седумнаесетгодишник и негов другар, ученици од втора година во СУГС „Димитар Влахов“, биле физички нападнати од лицето Г.М. од село Арачиново и од уште еден ученик во училиштето.
Нападот е пријавен во полицијата вчера попладне околу 16 часот.
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, додека двајцата малолетници стоеле во училишниот двор им пришол нивен соученик и ги повикал да појдат со него на улицата пред училиштето.



