Актуелно
Протести по одлуката на претседателот Иванов, Хан со сомневање за кредибилни избори (ФОТО)
Одлуката на претседателот Иванов да ги запре сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата предизвика протестите на повеќе локации во Скопје.
Граѓани протестираа пред Народната канцеларија на претседателот Иванов, како и пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ. Протести имаше и пред седиштето на СДСМ.
Одлуката на претседателот Иванов предизвика и критики не само од опозициските партии предводени од СДСМ, туку и од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, како и од еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и странските мисии во Скопје.


![0,,19182583_403,00[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2016/04/019182583_403001.jpg)

