fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ОМД: Нарушен меѓународниот углед на Македонија

Актуелно

ОМД: Нарушен меѓународниот углед на Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) смета дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на сите обвинети политичари го нарушува интегритетот и меѓународниот углед на државата и на македонските граѓани во светот.

– Овој акт ќе придонесе за продолжување на кризата во Република Македонија наместо за нејзино решавање. ОМД наведува дека со овој акт претседателот Иванов наместо да биде фактор за обединување и медијатор за решавање на длабоката политичка криза која трае скоро две години, дополнително го наруши целокупниот кредибилитет на институцијата на Претседател на Република Македонија не само пред граѓаните, но исто така и пред меѓународната заедница. Со заштита на оние кои го прекршиле правото, се отвара врата за идни нови изборни манипулации, се вели во соопштението од ОМД.

Ставот на ОМД е дека секој граѓанин е еднаков пред законот и треба по судски пат да одговара за незаконски дејствија. – Македонскиот национален интерес и активностите спротивни на законите не смеат да имаат никаква допирна точка, посочуваат од ОМД.

ОМД, како што се посочува во соопштението, го повикува македонскиот народ и другите етникуми во државата уште еднаш да ја покажат својата мурдост и преку својот несомнен демократски капацитет, да реагираат храбро и мудро, со цел да се дојде до разрешница на кризата.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.