Актуелно
СЈО: Таргет на незаконско прислушување биле најмалку 5.827 телефонски броеви
„Таргет“ е најновиот случај што го покрена Специјалното јавно обвинителство, а кој се однесува на незаконското следење на комуникациите во период од 2008 до 2015 година.
Предмет на истрагата е кој, на кој начин и со кои средства вршел незаконското следење на комуникациите. Мотивите за прискушувањата, како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, треба да го покаже истрагата.
Осомничени се 10 лица од кои тогаш, а дел и сега се вработени во УБК од највисоките раководни позиции до најниските ешалони. Се товарат за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.



