Актуелно
Најстудено во Петровец, најзагадено во Куманово
Најниска температура, од минус три степени, изутрина во седум часот е измерена во Скопје Петровец, по што следат Струмица, Тетово, Демир Капија и Гевгелија со минус два, Битола и Прилеп со минус еден, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Нула степени се измерени во Скопје, Крива Паланка, Лазарополе, Маврово, Штип, Дебар и Куманово, еден степен во Пожаране, два во Виница, Ѓуриште, Претор, Дојран, Охрид, три во Крушево, четири во Берово и Тополчани.
Времето денеска ќе биде претежно сончево, со појава на слаба магла по одделни котлини, особено претпладне. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде од 11 до 18.



