Актуелно
САД и ЕУ повикаа на смиреност и утврдување на фактите
Амбасадата на САД и Мисијата на Европската унија во Македонија преку одделни соопштенија изразија жалење за загубените човечки животи во оружените акции во Куманово и повика на смиреност и утврдување на фактите.
– Длабоко жалиме за загубите на човечки животи во врска со акциите во и околу Куманово, и го изразуваме нашето сочуство кон семејствата на загинатите и оние кои се повредени. Ја следиме состојбата и сме во постојан контакт со властите и со политичките лидери. Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да дозволат утврдување на фактите, стои во соопштението од Амбасадата на САД.
Смиреност и утврдување на фактите побара и Мисијата на Европската унија во Скопје.



