Актуелно
САЕМ НА КНИГА: Над 70 издавачки куќи ќе учествуваат на 28. Саем на книгата од утре до 18 април
Над 70 издавачки куќи ќе учествуваат на 28. Саем на книгата кој официјално ќе биде отворен вечер во 19 часот, во Метрополис арена.
За посетителите саемот ќе биде отворен од утре до 18 април. Од Скопски саем очекуваат околу 40.000 посетители на Саемот на книга кој, по Саемот на мебел, е втора саемска манифестација по посетеност во Скопје. Ќе биде понудена литература од домашни и од странски автори, белетристика, научни изданија, книги за деца, учебници.
Издавачите ќе организираат и промоции и средби со автори на своите штандови, но и во Промотивниот центар во Метрополис арена во кој за седумте саемски дена се планирани над 30 промоции.



