Актуелно
Санирана оштетената електродистрибутивна мрежа во Тетовско
Екипите на ЕВН Македонија ја санираа оштетената мрежа во Тетовско, како последица од силното невреме кое вчера го зафати регионот.
Вонредно силните врнежи и ветрот предизвикаа значителни оштетувања на електродистрибутивната мрежа, а со тоа и прекини во снабдувањето на електрична енергија.
– Корисниците во тетовското градско подрачје и од останатите пристапни места во регионот повторно имаат напојување со електрична енергија, благодарејќи на напорите на теренските екипи на ЕВН Македонија од Тетово кои за справување со последиците од невремето добија засилување од колегите од околните градови, соопштија од ЕВН.



