Актуелно
УХМР: Попладне повторно дожд, грмежи и засилен ветер
Во Македонија попладнево ќе биде нестабилно облачно со дожд, грмежи и засилен ветер. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), поинтензивни и пообилни врнежи се очекуваат во западните и југозападните делови на земјата.
Температурата ќе биде од 28 до 35 степени, а УВ индексот 7.
Според УХМР, во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Штип, 40 литри на метар квадратен, потоа во Прлеп 33, Битола 27, Струмица и Крушево 14, Пожаране 13, Дојран 11, Берово и Виница 10, Тетово 9, Скопје и Крива Паланка 8, Охрид, Лазарополе и Претор 4, Демир Капија и Гевгелија 3 и Дебар еден литар на метар квадратен.


