Актуелно
Секој жител на планетата Земја должи 20.000 долари
Светскиот долг никогаш досега не бил толку висок и во моментов изнесува 225 отсто од глобалниот БДП и може да предизвика нова светска рецесија.
Светот никогаш во историјата не бил толку должен, а ММФ пресмета дека вкупниот долг изнесува 152.000 милијарди долари или 225 отсто од глобалниот БДП.
Кога тоа ќе се пресмета, се доаѓа до тоа дека секој од речиси 7,5 милијарди жители на Земјата е должен по околу 20.000 долари.



