
Скопје
Шести скопски цветен фестивал
ЈП „Паркови и зеленило“ го најавуваат Шестиот Скопски цветен фестивал – под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП Паркови и зеленило кој ќе се одржи на 18 и 19 мај 2019 година (сабота и недела) во Градскиот парк во Скопје на почетокот на вториот дел, под мотото „Скопје цвета“.
Фестивалот ќе започне на 18 мај со цветно дефиле од Собранието на Град Скопје (паркинг просторот) во 11:30 часот, со деца од предучилишните установи и основните училишта.
Фестивалот свечено ќе го отвoри Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов заедно со директорот Ардијан Муча, по што следуваат настапи на повеќе музички и танцови изведувачи, а посетителите ќе имаат можност да учествуваат и во целодневни активности кои ги нуди програмата: да проследат анимации за деца, да вежбаат јога и зумба на отворено, да слушаат музика, да погледнат и учествуваат во најразновидни цветни перформанси и декорации.



