Скопје
Загревањето на домовите најголем загадувач во Скопскиот регион!
Загревањето од домаќинствата во Скопје и Скопскиот регион, го загадува воздухот со 32 проценти, односно за 12 отсто повеќе од сообраќајот, покажуваат податоците изработени од Финскиот институт за метеорологија, Австриската агенција за животна средина по барање на Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, кои денеска беа објавени на презентацијата на планот „Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух на подрачјето на Скопскиот регионирани“.
Прашината, според податоците, создадена од неуредените површини, уличната прашина и прашината од градежните активности е трет по ред загадувач со 19 отсто. Следуваат индустријата со 18 проценти, сулфат соли 7 отсто, нитратни соли два процента и исто толку прекуграничен пренос на загадувачки супстанции.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски нагласи дека градот покрај подготовката на планови за подобрување на воздухот презема и конкретни мерки за намалување на неговото загадувањето.




