Вести
Скопје Сити Мол слави 10 години – Забава, концерти, попусти и шопинг за сите возрасти!
Скопје Сити Мол го одбележува десетгодишниот јубилеј со голема роденденска прослава и огромни попусти.
Со концерти и забава прилагодена на различни вкусови и возрасни групи, како огнено шоу, огромни маскоти, фотобут за супер фотки и детска програма, Скопје Сити Мол ќе ги прослави првите 10 години од своето постоење.
Тридневната роденденска забава започнува во петок (30.09) со настапи на повеќе познати диџеи од домашната клупска и радио сцена, како и со спектакуларен концертна диригентот Џијан Емин & The Magical Orchestra: Електро Симфонија. Во сабота (01.10) свој концерт ќе одржи македонската поп-дива Каролина Гочева, а за загревање и продолжение на одличната забава ќе се погрижат домашни бендови и диџеи. Програмата на третиот ден од роденденската забава, што ќе се одржи в недела (02.10) е прилагодена за најмладите. Започнува со “Светот на Биби”, како и дружината од Фамилија 5+, а во музичкиот дел ќе настапат младите надежи од фестивалот Златно славејче.



