Вести
АЕТМ објави Jавен повик за поддршка за отворање на нови е-продавници
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Поддршка на локалните бизниси со помош на е-трговија”, кој се реализира во партнерство со компанијата Visa, објавува Jавен повик насловен “Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси”.
Јавниот повик е отворен за сите микро, мали и средни компании, кои сè уште не ги продаваат своите производи или услуги онлајн, а имаат потреба од отворање на е-продавница и од зголемување на знаењата и вештините поврзани со е-трговија. Преку Јавниот повик ќе се доделуваат вредносни пакети од 1.000 евра за отворање на дополнителен продажен канал – е-продавница во рамки на постоечка маркетплејс платформ и нејзина маркетинг промоција и ќе се обучуваат бизнисите за зајакнување на вештините поврзани со е-трговија и дигитален маркетинг.