Вести
Врнежи од снег во делови од земјата
Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Во делови од земјата има врнежи од снег, но тие не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Врнежи со среден интензитет има на Страцин, а со слаб интензитет има во Крива Паланка, Попова Шапка, Гостивар, Маврово, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека, Делчево, Павлешенци и Смојмирово. Во Дебар има повремени врнежи од дожд и снег.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.


