Активни повеќе пожари на територијата на Македонија
Центарот за управување со крици информира дека на територијата на цела држава активни пожари има со кумановскиот, кривопаланечкиот, липковскиот, струмичкиот, штипскиот, прилепскиот, битолскиот и скопскиот регион. На терен се пожарникари, полицајци, војници, жители на населените места, а во акција се и хелокоптерите на АРМ.
Во кумановскиот регион пожарот на тромеѓето помеѓу селата Степанце, Жегљане и Малотино, општина Старо Нагоричане е активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, сува трева, црн бор, и багрем на поголема површина. Од утрово во гаснењето на пожарот бил вклучен и хеликоптер на АРМ. Поради ветерот пожарот е проширен на поголема површина. Со пожарот се зафатени и неколку стари куќи.
Пожар има и во атарот на село Дренак. Во повисокиот дел од селото со пожарот биле зафатени неколку стари напуштени куќи, опожарена е една црква и училиштето. Со пожарот е зафатена сува трева и ниска деградирана шума. Гори и во близина на селото Мургаш каде со пожарот се зафатени и стари куќи. Причина за пожарите е силниот ветер кој направил спој на жици кои предизвикале повеќе пожари.





