Вести
Собранието да ја заврши работата – бара меѓународниот фактор
Меѓународниот фактор по завршувањето на референдумот во Македонија на кој мнозинството граѓани кои излегоа на гласање се изјаснија за европската иднина на државата очекува македонското Собрание да ги усвои уставните измени кои произлегуваат од Договорот со Грција.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Брисел го поздрави постигнатото одобрување за Договорот од Преспа и додаде дека Македонија може да стане членка на Алијансата во 2019 година, ако го прифати Преспанскиот договор.
– Сите внимателно го следевме изјаснувањето на референдумот во Поранешната Југословенска Република Македонија. Го поздравувам постигнатото одобрување за Договорот од Преспа. Скопје треба да ги определи следните чекори, изјави Столтенберг.


