Вести
Сончево и потопло, од утре заладување со врнежи од снег
Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови значително облачно. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната од шест до 14 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб умерен јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната до 11 степени.


