Актуелно
Сончево и топло, попладне пороен дожд и северен ветер
Сончево со мала доумерена облачност ќе биде времето денеска претпладне во Македонија. Во пладневните часови ќе дува северен ветер кој најпрвин на север ќе донесе нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи и повремено засилен ветер. Нестабилноста попладне ќе биде поизразена во источните и југоисточните делови, а температурата ќе биде пониска за три до пет степени.
Утринската температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а највисоката дневна од 24 до 30 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.
Во Скопје слично време, а во попладневните часови ќе биде променливо облачно со услови за нестабилност проследена со пороен дожд, ретки грмежи и повремено засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до околу 16, а највисоката дневна ќе достигне до 29 степени.



