Актуелно
Сончево со температура до 26 степени
Времето претпладне во Македонија ќе биде претежно сончево. Во западните делови ќе има мала до умерена облачност, но претежно висока. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец, кој попладне ќе го промени правецот во југоисточен.
Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 16 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец, но кон крајот на денот ќе го промени правецот во југоисточен. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе достигне до 23 степени.



