Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Сончево со умерена облачност – од недела заладување

Актуелно

Сончево со умерена облачност – од недела заладување

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, во западните делови променливо облачно, попладне со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен западен и југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 20 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 26 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во наредните денови во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд со ретки грмежи. До недела ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините, особено во западните делови.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.