Актуелно
Сончево со температура до 29 степени
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен и западен правец на повисоките места и на планините. Попладне во северната половина од земјата ќе има краткотраен пороен дожд со грмежи.
Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 22 до 29 степени.
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува и умерен повремено засилен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 25 степени.


