Актуелно
Сончево со умерена облачност, попладне локален дожд
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Температурата ќе се движи од 24 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, а во пладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи.



