Актуелно
Сообраќајот без забрани и застои по влажни коловози
АМСМ соопшти дека од 07:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила на Стража, Маврово и Пресека.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла има во Битола и Македонски Брод до 100 метри, како и на Плетвар до 50 метри, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.



