Актуелно
ЈСП протестира пред СДСМ: Пред седиштето на партијата паркирани десетина автобуси
Насловната фотографија е преземена од Курир
Десетина автобуси од Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје, во знак на протест поради повреда на возач и вандализирање на автобус за време на протестите против власта, денеска се паркираа пред централното седиште на СДСМ.
– „Протестираме поради напaдот на колегата и автобусот од демонстрани пред некој ден. Нашиот апел е сите тие што мислат да протестираат, нека го прават тоа на мирен начин, не да не загрозуваат нас како возачи и граѓаните кои што ги користат услугите на ЈСП“, истакна Ванчо Бошковски, возач во ЈСП.



