Актуелно
ФОТОГАЛЕРИЈА: Спроведена четвртата акција „Македонија без отпад 2015“
Со акции за расчистување на депонии во повеќе урбани локации на целата територија на Република Македонија денеска Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка Град Скопје и општините во Република Македонија со нивните jaвни претпријатија и граѓанската асоцијација „Ајде Македонија“, четврта година по ред ја спроведе кампањата „Македонија без отпад“.
Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски и градоначалниците на град Скопје, Коце Трајановски и на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски се приклучија на централниот настан од националната кампања, кој се одржа во општината Ѓорче Петров, на патеката покрај реката Вардар кај пешачкиот мост во близина на „Европската очна болница“.
Во знак на поддршка, кон акцијата се приклучија и словенскиот амбасадор Бранко Раковец и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија Чарлс Едмунд Гарет, како и пратеници од Собранието на Република Македонија.




