Актуелно
Средба Груевски – Бан Ки Мун во Њујорк
Премиерот Никола Груевски денеска во Њујорк имаше средба со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, на која било разговарано за активностите на Република Македонија во ОН, соработката во остварувањето на поставените цели, процесот на разговори помеѓу Република Македонија и Република Грција за изнаоѓање заемно прифатливо решение на наметнатиот спор помеѓу двете земји и за предизвиците во врска со мигрантите.
Како што соопшти Владиниот Сектор за односи со јавноста, Груевски истакнал дека Република Македонија во целост ги поддржува поставените цели на Обединетите нации и дава активен придонес во нивната реализација преку проекти на домашно ниво и преку нивна поддршка на мултилатерално ниво.
Груевски го информирал генералниот секретар за реформите кои ги спроведува нашата земја за унапредување на стандардите во сите општествени сфери, како и за номинацијата на Република Македонија за кандидат за следен генерален секретар на Обединетите нации.



