Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Студено со засилен ветер од северозападен правец

Актуелно

Студено со засилен ветер од северозападен правец

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста, a во крајните западни делови можен е краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен повремено и силен ветер од северозападен правец кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови на земјата.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 13 до 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Под влијание на студена воздушна маса од север времето во нашава земја ќе биде променливо облачно и релативно студено за овој период од годината со повремен слаб дожд особено во западните планински предели.

В петок ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, но кон крајот на денот и преку ноќта се очекува врнежите да бидат обилни.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.