Светот ја дочека Новата 2020 година!
Светот ја дочека Новата година весело и со огномет од Сиднеј до Лондон, иако прославите останаа под сенката на пожарите во Австралија, протести во Хонг Конг и Индија, како и нуклеарни тензии со Северна Кореја.
Жителите на Кирибати, Самоа и Божиќниот Остров во Тихиот Океан беа први што влегоа во 2020 година, а последни што ќе влезат во Новата година ќе бидат жителите на Американска Самоа.
Бројни граѓани се собраа во европските престолнини за да уживаат во спектакуларните бои што ги осветлуваа небото над Биг Бен во Лондон, Триумфалната порта во Париз, Атинскиот Партенон и московскиот Кремљ.




