СЗО прогласи вонредна состојба за коронавирусот на глобално ниво
Светската здравствена организација денеска прогласи вонредна состојба на глобално ниво, откако бројот на случаи на заболени со новиот коронавирус се зголеми за повеќе од десет пати во една недела.
СЗО соопшти дека глобалната итна ситуација претставува „вонреден случај“, што значи дека претставува ризик за другите земји и оти е неопходен координиран меѓународен одговор.
Одлуката исто така на земјите им наметнува построги критериуми во пријавување на случаи на заразата.




