Актуелно
Телевизија 21 почна да емитува програма во Македонија
Телевизија 21 почна да емитува програма во Македонија. Телевизијата располага со најнова техника и модерни студија сместени во просториите на поранешното кино Вардар во Скопје. ТВ 21 ќе емитува програма на албански и на македонски јазик.
На синоќешното свечено означување на официјалното почнување со работа на телевизијата, еден од сопствениците на ТВ 21 и главен и одговорен уредник Еуген Сарачини за МИА изјави дека станува збор за инвестиција од над 6,5 милиони евра. Посочи дека средствата се вложени во сите зафати кои се однесуваат на уредување на запуштените простории, потоа на најновата технологија која е во ХД и во луѓето кои ќе работат.
– Успеавме во периодот од пет-шест месеци да обезбедиме кадар колеги со кои работевме и во Приштина и тука и заедно ќе работиме додека не се стабилизира целиот систем. Околу 100 нови работници од Македонија се вклучени во овој проект, односно се вработени, истакна Сарачини.



