Вести
Тепачка на изборно место во Бутел, прекинато гласањето во Аеродром
На гласачко изборно место во основното училиште „Петар Здравковски Пенко“ во Скопје се степале двајца гласачи. Тепачката се случила во училиштето, по што реагирало полициското обезбедување, кое не ги привело, туку само направило записник.
Двајцата гласачи се поткачиле на разминување и почнале да се буткаат, по што си размениле и тупаници.
Гласачите се отстранети од местото и гласањето продолжило непречено.



