Балкан
Терористички напад во босанскиот град Зворник: Специјални единици го чуваат градот
Во понеделникот попладне, во напад на полициска станица во босанскиот град Зворник, убиен е еден полицаец, а ранети се двајца, јавија босанските медиуми.
Во вторник, ден по нападот, во градот е мирно, но забележано е зголемено присуство на полиција на улиците.
Имено, 24-годишниот Нердин Ибриќ, во понеделникот со автомобил се довезол до полициската станица при што убил еден полицаец на врата. Потоа влегол внатре и продолжил да пука, при шти ранил уште двајца полицајци.




