Актуелно
Тимот на Јанева од понеделник почнува со работа
Дванаесетте јавни обвинители кои го сочинуваат тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева денеска дадoa свечена заклетва во Советот на јавни обвинители. Тие се обврзаа дека во вршењето на функцијата ќе го почитуват Уставот на Република Македонија, законите и меѓународните договори.
Тимот на Јанева од понеделник ќе ги преземат предметите, кога и ќе започнат со работа. Јанева рече дека не знае колкав е бројот на предметите, бидејќи од понеделник ќе се обратат до институциите.
– Тимот е спој на искуство и младост. Сите се доволно авторитетни, професионални и кредибилни личности, кои знам дека можат да одговорат на предизвикот, изјави Јанева по свечената заклетва.



