Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Ведро студено со слаба утринска магла – високо загадување во скопските општини и Тетово
Времето во Македонија утрово е ведро студено и претежно тивко. По одделни котлини има појава на слаба утринска магла, особено во скопската и демиркаписката котлина.
Во Берово се измерени -6 степени, -3 во Скопје-Петровец, -2 Тетово и Битола, -1 Струмица и Д. Капија, 0 во Штип, Прилеп и Маврово, 1 Скопје-Зајчев Рид и Крива Паланка, 2 Охрид, Лазарополе, Куманово и Кавадарци, 3 Гевгелија, 4 Претор, Виница, 5 Крушево и 6 Дојран.
Во текот на денот ќе биде сончево и претежно тивко, на повисоките места и на планините со слаб до умерен северен ветер. Максималните температури ќе бидат во интервал од 14 до 20 степени.


