Вести
Топлото време продолжува, граѓаните да ги почитуваат препораките
Институтот за Јавно Здравје на Македонија апелира до граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури поради тоа што земјава е зафатена од жолтата фаза.
Се препорачува до граѓаните заштита од директно изложување на сонце, избегнувајќи излегување надвор од 11 до 17 часот, да се носи лесна облека, заштитни очила и капа, да се конзумира лесна храна и пијалоци, особено треба да обрне внимание на припремата и конзумирањето на храната, како и да се избегнуваат термички примпремени производи, како на пример мајонез од домашните јајца и внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови, да се внесува поголема количина течности, најдобро обична вода, а да се избегнуваат алохолните пијалоци.
До граѓаните се препорачува за време на овие многу топли денови да се остане во затворени простории главно климатизсирани, а кога е потребно да бидат надвор за овој временски период, да најдат можност за почести одмори под сенка.



