Актуелно
ТРАГЕДИЈА ВО КУМАНОВО: Почина 4-годишно дете кои било тенденциозно прегазено поради банална причина
Четиригодишниот Алмир, кој пред недела дена во Куманово заедно со мајка му и татко му беше намерно удрен со автомбил, синоќа почина поради банална причина, информираат порталите на албански јазик.
Според албанските медиуми, инцидентот се случил минатата сабота.
Тие пренесуваат дека семејството кое чекало ред пред амбуланта, одлучило да пушти друг човек пред нив, поради тоа што процениле дека станува збор за поитен случај. Таквата одлука предизвиката револт кај машко лице кое чекало во редот, по што започнала кавга. Тој ги чекал да излезат од болницата, и потоа тенденциозно ги удрил со возилото.



