Вести
Уште шест нови случаи на туларемија, епидемија во Лозово
Уште шест нови случаи на туларемија се лабораториски потврдени денеска во Институтот за јавно здравје, со што вкупниот број на заболени во Македонија изнесува 19.
Од новите шест случаи три се од општина Лозово (два од село Каратманово и еден од село Лозово), а три се од село Грушино, општина Арачиново и од кумановското село Опае, кое е ново жариште. Ова попладнево го истакна Јованка Костовска, член на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство по одржаната седница на Комисијата.
Таа посочи дека со оглед на тоа што во општина Лозово веќе има 11 случаи на туларемија, Комисијата препорачала Центарот за јавно здравје-Велес да прогласи епидемија на тоа подрачје бидејќи е нивна надлежност.



