Актуелно
Искористете ја можноста да работите за НАСА: “NASA Space Apps Challenge” по трет пат во Македонија
Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од најголемиот интернационален хакатон во светот во организација на NASA “Space Apps Challenge 2015”.
На овој настан учесниците од целиот свет ќе имаат можност да соработуваат и заеднички да креираат решенија за поставените предизвици во областа поврзана со животот на Земјата и воопшто во вселената.
Овојпат Скопје претставува лидер во регионот, но и во Европа, и токму поради оваа причина НАСА одлучи градот Скопје да биде координатор на 10 локации во Европа од кои Виена, Љубљана, Белград, Загреб, Тирана, Приштина, Скопје, Тетово, Битола и Охрид.


