Актуелно
ФОТО: Започна тридневниот едукативен дел на Саемот за вработување „Контакт“
Вчера во просториите на ФЕИТ/МФС започна тридневниот едукативен дел на Саемот за вработување и пракса, КОНТАКТ 2015.
На првиот ден беше одржано предавање на тема: “Како да напишете професионално CV и мотивационо писмо” од Ирена Чаушевска, ко-основач и извршен директор на првиот Акцелератор во Македонија. Денес, на вториот ден од едукативниот дел ќе има предавање на тема: “Како да стигнете до успешно интервју за вработување или пракса”, предавач ќе биде Тања Таневска, менаџер на филијалата на Vox Teneo во Македонија.
Во петок со почеток во 15 часот, ќе се одржи последното предавање на тема „Како да го подобрите сопствениот Time management“, чиј предавач ќе биде Коста Петров – автор на најпродаваните книги „Се гледаме на врвот“, „Стравот“ и „Нашето последно кафе“, ТВ продуцент, експерт за односи со јавност, основач и извршен директор на Пи Ворлд.



