Актуелно
Исчезнатиот Марјан пронајден во Белград – бил киднапиран и натеран да проси
Слепото момче Марјан Станојевиќ по 22 дена потрага, вчеравечер со родителите пристигна во Скопје, јавува Телеграф.мк.
Родителите го пронашле момчето во Белград, во македонската амбасада, каде бил во искината облека, со модринки по телото.
Според приказната на Марјан, тој во трамвај се запознал со некое младо момче, кое му ветило дека ќе му помогне. Марјан бил однесен дома кај момчето и неговиот брат. Тука тие го мачеле и го тепале, му ја земале облеката и го облекле како просјак и го терале да проси за нив. Тие му го дале и мобилниот број за да им јавува каде е и колку пари заработил. Марјан успеал да им избега, а неговите киднапери ги гони српската полиција.



