Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

УТРЕ НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер – од четврток заладување

Актуелно

УТРЕ НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер – од четврток заладување

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе ја зафатат Македонија утре попладне. Земјата ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, поради што, на повеќе места времето ќе биде променливо и нестабилно.

Како што соопшти УХМР, можно е локално процесите да бидат и поинтензивни, особено во јужните и источните делови.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и посвежо време, претпладне со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието.

Од петок следува период на стабилно и топло време со пораст на дневните температури.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.