Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Утре сончево и многу топло – од понеделник северен ветер и заладување

Актуелно

Утре сончево и многу топло – од понеделник северен ветер и заладување

Поголем дел од Македонија утре ќе се наоѓа во портокалова фаза, со сончево и многу топло време претпладне, а попладне во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен западен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 32 до 38 степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево и топло, а попладне со мала до умерена облачност.Ќе дува умерен западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Од недела попладне се очекува значителна промена на времето со зголемена облачност, локален дожд и умерен до засилен западен ветер над 60 километри на час кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика осетно опаѓање на температурата, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Заладувањето ќе биде поизразено во северните делови од земјата, а во останатите подрачја ќе се почувствува од понеделник, кога ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди.

Дневната температура ќе биде пониска за околу шест до седум степени во однос на утрешната и ќе се движи од 24 до 30 степени, а слични температури се очекуваат и во текот на целата недела.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.