Актуелно
УТРО ПО ЕКСПЛОЗИЈАТА: 36 загинати и 147 ранети во нападот на истанбулскиот аеродром „Ататурк“
Триесет и шест луѓе загинаа во тројна експолозија на бомбаши самоубијци на истанбулскиот аеродром Ататурк, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим.
– Меѓу жртвите може да има и странци, додаде тој. Бројот на ранети е 147, голем дел од нив се со сериозни повреди.
Според Јилдирим, тројца терористи прво пукале врз луѓето пред да активираат на влезот од аеродромот експлозив што го носеле на себе. Напаѓачите дошле на аеродромот со такси возило. Авионскиот сообраќај од тој аеродром повторно е во функција.




