Актуелно
Вајгл, Ховит и Кукан: Договорот од Пржино мора целосно да се почитува
Тројцата пратеници во Европскиот парламент, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои посредуваа при постигнувањето на Договорот од Пржино на 15 јули минатата година во Република Македонија, ја изразија својата длабока загриженост за развојот на настаните во Скопје и ги повикаа сите главни политички партии во Македонија да работат заедно во интерес на граѓаните и да се вратат за своите обврски од Пржинскиот договор кој според европратениците е „единствениот начин за надминување на кризата“.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, тројката европратеници утринава имаа средба во Европарламентот во Стразбур со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, посветена на последниот развој на настаните во македонската држава, по што излегоа со соопштение.
– Ние сме длабоко загрижени од последниот развој на настаните во Скопје и не можеме доволно да ја искажеме важноста дека главните политички партии треба да останат посветени на Договорот од Пржино. Договорот мора целосно да се почитува, вклучително и обврските поврзани со заштита и засилување на владеењето на правото во земјата и да се обезбеди дека ќе се одржат кредибилни предвремени парламентарни избори, се наведува на почетокот на соопштението испратено од Вајгл, Ховит и Кукан.



