Актуелно
ВИДЕО: Полицијата ги нападна студентите во читалната „Браќа Миладиновци“
Според информациите кои ги објави Студентскиот пленум, околу 23 часот, полицијата влегла во читалната „Браќа Миладиновци“ и ги нападнала студентите кои биле таму барајќи демонстранти помеѓу нив.
На социјалните мрежи беа објавени и повеќе видеа каде се гледа упадот на полицијата во објектот каде студентите учеле.
„Заедницата на социјалните мрежи споделува монструозни и за жал вистинити наводи дека специјалците вечерва влегле и во читалната “Браќа Миладиновци”, додека бркале некој од демонстрантите!



