Актуелно
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Облачно и посвежо со повремен дожд
Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во северните и западните делови каде на планините ќе се формира нова снежна покривка.
Преку денот ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието и на планинските места.
Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од пет до 15 степени.



