Актуелно
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Сончево и многу топло до 32 степена
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста во крајните западни делови ќе се зголеми и можни се услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 25 до 32 степени.
Во Скопје, слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 30 степени.



