Актуелно
Иванов ги поништи помилувањата за политичарите
Претседателот Ѓорге Иванов денеска донесе одлука за поништување на помилувањата за 22 лица, како што наведе, сите политички експонирани лица.
– Во согласност со Законот за дополнување на Законот за помилување, донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно дваесет и двајца, истакна Иванов попладнево во обраќањето до граѓаните во претседателската вила „Водно“.
Тој посочи дека сите други лица кои беа помилувани на 12 април, согласно законските измени, имаат можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување.



