Актуелно
Силно невреме попладнево во Скопје
Невреме со поројни врнежи од дожд, град, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје.
Како што најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нестабилното време и влажната воздушна маса од Медитеранот ќе ја зафатат цела Македонија.
Во текот на ноќта се очекува процесите да бидат поинтензивни локално, со врнежи од над 25 литри на метар квадратен.



